Важно: овој договор е договор за лиценца за краен корисник помеѓу вас и HONOR Device Co., Ltd. (понатаму наречен „HONOR“) со кој се регулира користењето на Honor Suite („Софтверов“). Ако кликнете ИНСТАЛИРАЈ, значи дека сте ја прочитале содржината на Договоров внимателно и дека ги прифаќате сите услови што се содржат во документов.

1. Опсег на примена
Договоров важи само за Honor Suite. Правата дадени со Договоров не важат за ниту еден друг софтвер.

2. Права на интелектуална сопственост
Сите права на интелектуална сопственост за Софтверов му припаѓаат на HONOR и се заштитени со законите на Народна Република Кина, меѓународните спогодби за авторски права и други важечки закони и спогодби што ги регулираат правата на интелектуална сопственост.

3. Опсег на лиценца
3.1 Софтверов се дава бесплатно. Може да го преземате, инсталирате и користите Софтверов на неограничен број уреди за некомерцијални цели.
3.2 Може да го копирате, испраќате и дистрибуирате Софтверов на неограничен број уреди за некомерцијални цели. Но, мора да се осигурите дека сите копии од Софтверов, вклучувајќи ги сите копии што се испратени или дистрибуирани, се целосни и ги содржат сите информации што се вклучени во Софтверов, вклучувајќи ги електронската документација, известувањата за авторски права, заштитните знаци и Договоров.

4. Ограничувања на користењето
4.1 Не смеете да вршите функционална анализа, обратно компилирање или декомпилирање на Софтверов. Освен тоа, не смеете да уредувате ниту еден од ресурсите што се содржат во софтверските датотеки.
4.2 Не смеете да го расклопувате Софтверов или да го вградувате како дел или целосно во други софтверски системи.
4.3 Не смеете да избришете ниедна од изјавите или известувањата за авторски права што се содржани во Софтверов.
4.4 Не смеете да го користите Софтверов за да развиете софтвер или апликации што се изведени од него.
4.5 Не смеете да користите ниедна од функциите на Софтверов за извршување какво било нелегално дејство.
4.6 HONOR ги задржува сите други права што не ви се изречно дадени во Договоров.

5. Одрекување од одговорност
5.1 Софтверов се дава „како што е“. HONOR не дава гаранции за навременоста или прецизноста на услугите што се даваат со Софтверов.
5.2 Со ова потврдувате дека услугите што се даваат со Софтверов може да не функционираат соодветно поради околности што не може да се контролираат, компјутерски вируси, хакерски напади, системска некомпатибилност и други неодредени причини. HONOR нема да биде одговорен за какви било загуби што може да настанат поради податочни грешки или загуба на податоци што не се вина на HONOR.

6. Информации за користење
6.1 Функциите во Софтверов бараат да имате инсталирано Honor Suite на телефонот. За да ги изведе услугите што ги барате, Софтверов може да бара пристап до некои дозволи на телефонот за време на користењето, вклучувајќи дозволи за повикување, испраќање текстуални пораки и пристап до контактите.
6.2 Софтверов е дизајниран само за инсталирање на телефони што работат со официјалниот оперативен систем на HONOR. HONOR не дава гаранции за квалитетот на услугите дадени со Софтверов за корисници што ќе го инсталираат Софтверов на уреди што не работат со официјалниот оперативен систем на HONOR. 
6.3 HONOR може да дава ажурирања за Софтверов одвреме-навреме. За да се осигури континуирано обезбедување на услугите, оваа верзија на Софтверов мора да одговара на верзијата на Honor Suite што е инсталиран на телефонот.

7. Прекин на договорот
Ако не ги почитувате одредбите и условите на Договоров, HONOR и/или неговите носители на лиценца го задржуваат правото да го прекинат Договоров во секое време. Откако ќе се прекине Договоров, мора веднаш да престанете со користење на Софтверов и да го избришете целиот софтвер и сите поврзани податоци што сте ги инсталирале или копирале на компјутерот. 

8. Ограничена гаранција
8.1 Освен гаранциите изречно дадени во Договоров, HONOR не дава други гаранции, директни или индиректни, вклучувајќи ги, без ограничување, гаранциите за погодност за продажба и подобност за одредена цел.
8.2 HONOR не дава гаранции за непрекршување на правата на трети лица.

9. Ограничена одговорност
9.1 HONOR нема да биде одговорен и не дава гаранции за проблеми со софтверот предизвикани од непредвидливи околности, злоупотреба, неправилна употреба или неовластена модификација на Софтверов. 
9.2 HONOR нема да биде одговорен за кои било случајни, индиректни или казнени штети што произлегуваат од користењето на Софтверов, вклучувајќи ги, без ограничување, кои било загуби на деловен профит, прекин на деловната дејност, загуба на информации или податоци. HONOR нема да биде одговорен дури и ако бил известен за можноста од такви штети. 

10. Ажурирања на верзијата
10.1 HONOR го задржува правото да одлучува дали во иднина ќе објавува ажурирања на верзијата за Софтверов.
10.2 Договоров ќе важи и за ажурираните верзии на Софтверов, освен ако не е издадена замена на договорот за лиценца.
10.3 Ако Софтверов е означен како ажурирана верзија, мора да се согласите со Договоров.

11. Пишана комуникација
Целата комуникација поврзана со Договоров ќе се извршува на писмено.

12. Разно
12.1 Ако сте корисник што живее во Европската унија, за договоров ќе важат законите на Германија. Секој спор помеѓу вас и HONOR во однос на Договоров ќе се суди во суд чијашто јурисдикција е во Германија. Ако сте корисник што живее во друга земја или регион, за договоров ќе важат законите на Народна Република Кина. Секој спор во однос на Договоров ќе се решава преку пријателски преговори. Во случај да не може да се реши спорот преку преговори, тој ќе биде поднесен за решавање пред Народниот суд во областа Шенцен Лонганг.
12.2 Не е направен никаков устен договор.
12.3 Во случај некој од прописите во Договоров да стане неважечки или неспроведлив од која било причина, делумно или целосно, или да прекршува некои важечки закони, именуваниот пропис ќе се отстрани од овој Договор. Но, тоа нема да влијае на важноста и спроведливоста на другите прописи во Договоров.
12.4 HONOR може да го ажурира или менува Договоров одвреме-навреме и да ви ја испрати изменетата верзија на начин дозволен со законот. Дококу не ги прифаќате измените на Договоров на HONOR, треба веднаш да престанете со користење на Софтверов. Ако продолжите да го користите Софтверов откако ќе го добиете ажурирањето од HONOR, назначувате дека ги прифаќате измените на Договоров што ги направил HONOR.

13. Целосен договор
Договоров и сите негови анекси претставуваат целосен договор помеѓу договорените страни во однос на предметната содржина во овој документ и ги заменува сите претходни директни или индиректни примероци и/или договори во однос на предметната содржина. Договоров ги содржи сите обврски на HONOR во однос на Софтверов.
