Почитувани корисници,
Huawei Device Co., Ltd. и неговите деловни соработници во светот („Huawei“ или „ние/наше/нас“) разбираат колку ви е важна приватноста и сосема сме посветени на заштита на вашата приватност. Не поднесувајте или не давајте никакви лични или приватни податоци на Huawei пред детално да ги прочитате, разберете, и да се сложите со оваа политика за приватност („оваа политика“).
Ја подготвивме оваа политика за да ви помогнеме да разберете:
1) Како Huawei ги користи вашите лични податоци
2) Како Huawei ги користи колачињата и сличните технологии
3) Како Huawei ги открива вашите лични податоци
4) Како да пристапите до, да ги уредите и измените вашите лични податоци
5) Како Huawei ги штити вашите лични податоци
6) Како Huawei управува со личните податоци на децата
7) Други лица даватели и нивни услуги
8) Како вашите лични податоци се пренесуваат меѓународно
9) Како се ажурира политиката
10) Меѓународни корисници
11) Како да контактирате со Huawei
Имајте предвид дека оваа политика се применува само на ниво на потрошувач на електронски производи од Huawei, на пример, телефони, смартфони, таблети, домашни уреди, податочни картички, компјутерски апликации, алатки, софтвер, веб-страници, и услуги што го прикажуваат или упатуваат до оваа политика.
Политиката опишува како Huawei управува со личните и приватните податоци и како е Huawei посветен на заштита на вашата приватност. Меѓутоа, една политика не е доволно сеопфатна за да одговори на сите прашања за обработката на податоците. Затоа Huawei ќе обезбеди дополнителни информации што се специфични за некој производ или услуга како додаток на оваа политика за да бидете известени за другите намени на прибирањето податоци. Се препорачува да ги прочитате оваа политика и дополнувањата за подобро да ги разберете нашите политики за приватност во врска со конкретен производ и услуга.
Личните податоци се информации со кои едно лице може да се идентификува поединечно или во комбинација со други податоци, а кои се собрани во текот на користење на нашите производи или услуги, како што се име, датум на раѓање, адреса, матичен број, телефонски број, број на сметка, фотографија, како и времето и местото кога лицето ги користело горенаведените производи или услуги. Huawei ги собира и користи вашите лични податоци единствено за целите наведени во оваа политика. Во продолжение следуваат примери за видовите лични податоци што може да ги собираме и како може да ги користиме:
1) Кои лични податоци ги собира Huawei
Може да собереме различни лични податоци од вас, на пример, вашето име, слика на профил, телефонски број, адреса на е-пошта, возраст, и детали за локација. Во продолжение следуваат неколку примери на видови лични податоци што може да ги собереме од вас.
(а) Информации што директно ги обезбедувате - Неколку наши услуги што ви овозможуваат да креирате сметки или профили. Може да побараме од вас да ги обезбедите неопходните информации за сметката, како што се адреса на е-пошта, адреса за испорака, телефонски број, информации за производот, време на купување, и начин на плаќање. Ако ги користите услугите на Huawei за споделување содржини со вашите пријатели, можеби ќе треба да ги обезбедите информациите за контакт на вашите пријатели, на пример, нивното име, слика на профил, телефонски број и адреса на е-пошта. Некои од нашите услуги ви овозможуваат да комуницирате и да споделувате информации со други луѓе. Таквата комуникација и споделените информации ќе бидат обработени на сигурен и безбеден начин. Ако вашиот уред или апликација покажуваат какви било грешки, може да испратите информации за грешката до Huawei.
(б) Информации за користење на нашите услуги - Може да собираме податоци за системот и апликацијата од вашиот уред, вклучувајќи име на уредот, верзии на системот и апликацијата, нагодувања за регионот и јазикот, верзии на уредот, идентификациски број на уредот (IMEI, ESN, MEID, и SN), информации за географската локација на уредот (како што е идентификација на областа каде што е лоциран уредот), ИД на мрежата на вашиот давател на услуги (PLMN), како ги користите апликациите, IP адреса што ја користите за пристап до интернет. Исто така, може да собираме информации од дневникот, како што се времето и времетраењето на користење на нашите услуги, поими за пребарување што ги внесувате преку услугите, и какви било информации зачувани во колачињата што се поставени на вашите уреди.
(в) Информации од извори од други лица - Може да добиеме информации за вас од јавно и комерцијално достапни извори, согласно законот. Исто така, може да добиваме информации за вас од услугите за социјални мрежи од други лица кога ќе изберете да се поврзете со тие услуги, како кога ќе изберете да се најавите на вашата сметка на нашите веб-страници со помош на сметката на Facebook или Twitter.
2) Како Huawei ги користи вашите лични податоци
Може да ги користиме вашите лични податоци за:
a. реализација на вашите нарачки, испорака на вашите производи или услуги, активирање или верификација на вашите производи или услуги, промена во барањето, и обезбедување техничка поддршка;
(б) да ве контактираме, да ви испратиме информации за производите и услугите за коишто сте заинтересирани, да ве поканиме на промоциите на Huawei и анкетите за пазарот со ваша согласност или да ви обезбедиме директни маркетинг информации со ваша експлицитна согласност; ако не сакате да добивате такви информации, може да се откажете во секое време;
(в) да ве информираме за достапните ажурирања за системот или апликациите и да ги реализираме тие ажурирања;
(г) да ви обезбедиме персонализирано корисничко искуство и за да ја приспособиме содржината, и да ги активираме услугите после продажбата;
(д) да спроведеме внатрешна ревизија, анализа на податоци и истражување за да ги подобриме нашите производи и услуги;
(ѓ) да ја анализираме ефикасноста на нашите деловни операции и нашиот удел на пазарот;
(е) да ја подобриме комуникацијата со корисниците и да осигуриме квалитет и сигурност на услугите што ви ги обезбедуваме;
(ж) да обезбедиме услуги за решавање проблеми, во случај да изберете да ни испратите информации за грешка;
(з) да синхронизираме, споделуваме и складираме податоци што ги префрлате или преземате и податоци што се потребни за реализирање на префрлањата и преземањата; и
(ѕ) да го подобриме спречувањето загуби и програмите против измами.
3) Услуги врз основа на локацијата
Кога ќе пристапите на одредени услуги врз основа на локацијата, на пример, кога пребарувате информации, користите навигација или го проверувате времето врз основа на одредени локации, Huawei може да ги прибира, користи и обработува информациите за точната или приближната локација на вашиот уред. Така Huawei може да ви ги обезбеди горенаведените услуги. Информациите што се прибираат може да ги вклучуваат идентификациските броеви на уредот (IMEI, ESN, MEID и SN), типот, моделот и информации за локацијата во реално време (вклучувајќи ги оние што се добиваат преку GPS, Wi-Fi и идентификацијата на мрежата на вашиот оператор). Huawei прибира информации за локацијата за да ги обезбедува и да ги подобрува производите и услугите врз основа на локацијата.
Може да ве прашуваме при секоја услуга дали сакате услугите за лоцирање да бидат овозможени. Може да изберете да не ги споделувате информациите за локацијата со исклучување на услугата на лоцирање на вашите уреди. За детални информации како да ги оневозможите услугите врз основа на локација, контактирајте со вашиот оператор или давател на услуги.
4) Прибирање и користење информации што не може да се идентификуваат
„Информации што не може да се идентификуваат“ се однесува на информации што не можат да се употребат за да се идентификува одредено лице. Huawei може да собира збирни статистички информации, како бројот на посетители на нашата веб-страница. Huawei собира такви информации за да разбере како луѓето ја користат нашата веб-страница, производите или услугите. На тој начин Huawei може да ги подобри и оптимизира услугите за подобро задоволување на потребите на потрошувачите. По свое видување, Huawei може да прибира, користи, обработува, пренесува или открива информации што не може да се идентификуваат за други цели.
Вложуваме напор одвоено да ги чуваме вашите лични податоци и информациите што не може да се идентификуваат, и независно да го користиме секој тип информации. Во случај личните податоци да се комбинираат со информации што не може да се идентификуваат, таквите комбинации ќе се сметаат за лични податоци, за целиот период додека се комбинирани.
1) Колачиња
За да обезбедиме нашите веб-страници да функционираат правилно, понекогаш сместуваме мали податочни датотеки на вашите компјутери или мобилни уреди наречени колачиња. Колаче е едноставна текстуална датотека што се складира на компјутерот или мобилниот уред преку серверот на веб-страницата, и само тој сервер може да ја повикува или чита содржината на тоа колаче. Секое колаче е единствено за вашиот прелистувач на интернет или мобилната апликација. Содржи точни информации, како идентификатор, името на локацијата, неколку цифри и знаци. Колачињата им овозможуваат на веб-страниците да помнат информации, како вашите претпочитани поставки или што имате во корпата за пазарење.
Повеќето големи веб-страници или оператори го прават тоа за да го подобрат корисничкото искуство така што овозможуваат веб-страниците да ве „помнат“ за време на тековната посета (со „колаче за сесија“) или за повторни посети (со „трајно колаче“). Колачињата им помагаат на веб-страниците да ги запомнат вашите нагодувања - јазикот, големината на буквите и други за тоа како сакате да ги гледате веб-страниците на компјутерите или мобилните уреди. На овој начин не мора постојано да ги внесуваме секогаш кога се враќате. Ако некоја веб-страница не користи колачиња, ќе ве смета за нов посетител секогаш кога ќе отворите нова страница на веб-страницата. На пример, кога ќе внесете податоци за најава и ќе одете на друга страница, веб-страницата нема да ве препознае и нема да може да ве одржи најавени.
Huawei не користи колачиња за други цели, освен оние што се наведени тука. Можете да ги контролирате и бришете колачињата по потреба. За детали видете на AboutCookies.org. Може да ги избришете сите колачиња што се веќе на компјутерите и да ги поставите повеќето прелистувачи да блокираат колачиња. Меѓутоа, ако го сторите тоа, ќе треба рачно да приспособувате одредени претпочитани нагодувања секогаш кога ќе ги посетувате нашите веб-страници. За повеќе детали за начинот на промена на нагодувањата за прелистувачот, одете на следните хиперлинкови: <Internet Explorer>, <Google Chrome>, <Mozilla Firefox>, <Safari>, и <Opera>.
2) Водичи за интернет и ознаки за пиксели
Покрај колачињата, водичите за интернет и ознаките за пиксели се слични технологии што може да ги користиме. Вообичаено, во е-поштата ќе ви ја испраќа Huawei, ќе биде вклучена „URL врска“ поврзана со содржина од веб-страницата на Huawei. Ако притиснете на врската, Huawei ќе ја следи врската за да ни помогне да ги дознаеме вашите интереси за нашите производи или услуги и да ги подобриме нашите кориснички услуги. Водичот за интернет е вообичаено проѕирна графичка слика, којашто е поставена на страницата или во е-пошта. Ознаките за пиксели ни овозможуваат да ви испраќаме е-пораки во посебен формат, кој ни помага да дознаеме дали е-поштата била отворена. Ако не сакате овие технологии да ве следат, може да ја откажете претплатата за е-пошта во секое време.
3) Не следи сигнали
Голем број прелистувачи на интернет имаат функција „Не следи“, којашто испраќа сигнали „Не следи“ кога корисниците ги отвораат веб-страниците. Во моментот, нема консензус меѓу учесниците во водечката организација за поставување на стандардите за интернет за тоа што треба веб-страниците да направат кога ќе добијат такви сигнали. Меѓутоа, ние ја почитуваме опцијата„Не следи“ која може да биде поставена на вашиот прелистувач.
Huawei не ги продава вашите лични податоци на други лица. Меѓутоа, Huawei може да ги открие вашите лични податоци во следниве ситуации:
1) Откривање со ваша експлицитна согласност - По добивањето одобрување, Huawei може да ги сподели вашите лични податоци со лицата за кои сте дале упатства и на начин што сте го избрале.
2) Откривање на соработниците на Huawei - Вашите лични податоци може да се споделуваат со соработниците на Huawei, и согласно со политиката, нема да откриеме повеќе од минималните неопходни информации на нашите соработници.
3) Откривање на овластени партнери („наши партнери“) - Huawei можеби треба да обезбеди услуги преку нашите партнери. Затоа, Huawei може да споделува некои од вашите лични податоци со нашите партнери за да ви обезбеди подобри кориснички услуги и да го подобри целокупното искуство. На пример, кога ќе решите да купите производи Huawei онлајн, Huawei ќе мора да ги открие вашите лични податоци на релевантните логистички даватели на услуги за да им овозможи да ви го испорачаат производот или за да можат нашите партнери да ви обезбедат услуги. Вашите лични податоци може да се обработуваат само за конкретни, експлицитни и легитимни цели, и обемот на податоци е ограничен на минимумот што е неопходен за да се исполни намената. Сите подружници на Huawei или нашите партнери не може да ги користат споделените лични податоци за која било друга намена.
4) Откривање на вашите лични податоци во согласност со задолжителните законски прописи или во друг случај кога е разумно неопходно: Huawei може да ги открие вашите лични податоци кога тоа се бара со закон, законска постапка, парнична постапка или на барање на јавните, владини органи. Во некои јурисдикции, вашите лични податоци може да бидат откриени на договорни страни во случај Huawei да е вклучен во реорганизација, спојување или ликвидација поради несолвентност. Вашите информации може да ги откриеме и во разумно неопходни ситуации, кои вклучуваат реализација на нашите одредбите и условите, и заштита на нашите корисници.
Според одредбите и условите на Huawei, можете да управувате со вашите лични податоци во секое време, на пример со информациите за регистрирање на личната сметка. Во тој поглед, треба да осигурите дека личните податоци што ги поднесувате се точни. Huawei прави разумни напори за вашите лични податоци да бидат точни, целосни и ажурирани.
Имате право да пристапите до вашите лични податоци, предмет на одредени исклучоци што се дозволени со закон. Во случаите кога во земјите и јурисдикциите има конкретни права за приватност и информации, ние ќе работиме во согласност со нив. Ако сакате да го реализирате правото на пристап до вашите податоци, известете не преку е-пошта на consumer_privacy@huawei.com. Заради безбедносни причини, може да ви биде побарано да доставите писмено барање.
Понатаму, имате право на бришење или исправка на кои било информации што ние ги поседуваме, а се однесуваат на вас. На ваше барање, Huawei ќе ги избрише или исправи информациите согласно вашите упатства. За да го сторите тоа, може да контактирате со нас преку е-пошта на consumer_privacy@huawei.com. Меѓутоа, може да одбиеме да ги обработиме барањата ако имаме разумна основа да веруваме дека барањата се доставени со лоша намера, дека се премногу непрактични или пристапот до кои не се бара со локалниот закон.
Huawei сериозно ја зема предвид безбедноста на вашите лични податоци. Ги следиме практиките што се стандардни за индустријата за да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластен пристап, откривање, користење, измена, штета или загуба. Ги преземаме сите разумно практични чекори за да ги заштитиме вашите лични податоци, на пример: ние користиме шифрирање за да осигуриме доверливост на податоците; користиме доверливи механизми за заштита за да ги заштитиме податоците од злобни напади; имаме воспоставено механизми за контрола на посетата, дозволувајќи само овластен персонал да пристапува до личните податоци; осигуруваме дека вработените ја разбираат важноста за заштита на личните податоци преку обука за подигнување на свесноста за безбедноста и заштитата на приватноста.
Ги преземаме сите разумно практични чекори за да ги ограничиме вашите лични податоци на оние што се соодветни и важни. Ги задржуваме вашите лични податоци само за периодот кога е неопходно да се исполнат намените наведени во оваа политика и не ги задржуваме личните податоци подолго од што е неопходно, освен ако со закон се бара или дозволува подолг период на задржување. Иако многу внимаваме да ги заштитиме вашите лични податоци, имајте предвид дека ниедна безбедносна мерка не е 100% совршена или непробивна.
Нашите производи, веб-страници и услуги првенствено се наменети за возрасни. На децата не им е дозволено да креираат сопствена корисничка сметка без согласност од родителите/старателите. Во случаите кога собирањето лични податоци од дете е во согласност со законските барања или со родителска согласност, ќе ги користиме или откриваме тие лични податоци единствено до степен дозволен со закон, со родителска согласност според локалните закони и прописи или за заштита на детето. Иако дефиницијата за дете може да се разликува зависно од применливите закони и локалните културолошки обичаи, секое лице на возраст под 13 години го сметаме за дете.
Ако Huawei дознае дека има собрано лични податоци на дете, без претходно да добие родителска согласност што може да се потврди, ќе преземе чекори за да ги избрише информациите што е можно поскоро.
За да се осигури ефикасна посета и подобрување на корисничкото искуство, може да ви биде обезбедена содржина или хиперлинкови на интернет од надворешни лица на Huawei или наши партнери („Други лица“). Huawei не ги контролира другите лица и може да изберете дали да пристапите до нивните хиперлинкови или содржини или да ги користите нивните услуги или производи.
Huawei не може да контролира мерки за приватност и заштита на податоците на другите лица и оваа политика не важи за тие мерки. Кога ќе одлучите доброволно да обезбедите информации на другите лица, видете во нивните политики за заштита на приватноста.
Производите и услугите на Huawei може да се обезбедуваат преку ресурси и сервери што се наоѓаат во различни земји и региони во светот. Затоа вашите лични податоци може да се пренесуваат или до нив да се пристапува преку меѓународни граници надвор од земјата каде што ги користите нашите производи и услуги. Тие земји може да немаат закони што обезбедуваат конкретна заштита за личните податоци или може да имаат различни правни прописи за заштита на податоците. Во таквите случаи, Huawei ќе осигури дека истото ниво на заштита се однесува на вашите податоци и дека соодветната заштита за вашите податоци е обезбедена во согласност со сите применливи закони и прописи. На пример, Huawei може да се потпре на вашата согласност за пренесување на вашите податоци меѓународно или да ги спроведува безбедносните мерки, како што е анонимизација пред прекугранично пренесување на податоците.
Huawei го задржува правото за повремено ажурирање или измена и дополнување на политиката. Huawei ќе се обиде да ве извести за промените преку различни канали. Во случаите кога има промена на политиката за приватност, ние ќе ја објавиме ажурираната политика за приватност на нашата веб-страница (http://consumer.huawei.com). Исто така, може да обезбедиме одделно известување (на пример, електронско известување) со кое ќе ве информираме за секоја измена на нашата политика за приватност.
Личните податоци во рамките на услугите на облак на Huawei што се однесуваат на лица коишто живеат во некоја земја членка на Европската економска област (ЕЕО) или Швајцарија, Албанија, Андора, Босна, Фарски Острови, Гибралтар, Гренланд, Македонија, Молдавија, Монако, Црна Гора, Сан Марино, Србија, Ватикан, Јапонија, Кореја, САД, Канада ги контролира Huawei Technologies Deutschland, GmbH. Меѓутоа, онлајн продавницата на Huawei www.hihonor.com/us ја контролира Huawei Device USA, Inc.
Ако имате какви било прашања, коментари или предлози, контактирајте со нас на consumer_privacy@huawei.com или поднесете ги до една од нашите глобални теренски канцеларии. За целосен список со локациите на нашите канцеларии, посетете ја нашата веб-страница на:
http://www.huawei.com/en/contact-us
Важно известување - Локалниот јазик на политиката за приватност на Huawei може да се разликува од оваа верзија поради локалните закони и јазичните навики. Во однос на разликите, преовладува верзија на локалниот јазик.
Последно ажурирање: септември 2016 г.
Copyright © Huawei Device Co., Ltd. 2016. Сите права се задржани